Македонската царина ќе користи VR технологија за обука на цариниците

Царинската управа во скоро време ќе отпочне со користење на систем базиран на VR (виртуелна реалност) технологија за обука на цариниците. Системот за обука е обезбеден од Светска царинска организација (WCO) и Царинската служба на Кореја (CCF) и се состои од софтвер, слушалки, очила и контролен уред, а истиот ќе биде инсталиран во дирекцијата на Царинската управа, поконкретно во Регионалниот центар за обука кој е основан 2009-та година во соработка со Економскиот факултет и Царинската управа.

Очекувањата од системот е истиот да придонесе кон унапредување на вештините за анализа и проценка на ризици при контроли и прегледи на стоки и прекугранични минувања.

Извор: Customs.gov.mk

Програмата, развиена и првпат инсталирана во Регионалниот центар за обука (РТЦ) во Кореја, ги обучува царинските службеници за основните процедури за физичка проверка на товар. Со помош на VR сетот и контролер, цариниците влегуваат во виртуелен свет каде што учат како да откријат шверцувани предмети како што се лекови, фалсификувани стоки и експлозиви шверцувани во увезен товар. Како дел од обуката, цариниците практикуваат и прегледување документи за идентификување на лажни информации, учат за соодветната безбедносна опрема за вршење инспекции и добиваат увид во алатките и ресурсите што се користат за време на инспекциите, како што се посебни возилата, скенери, лупи и кучиња детектори.

До сега, софтверот е користен во повеќе земји низ светот вклучително и високофреквентни царински точки како аеродромот на Дубаи, а конкретно праксата од користењето во царинските управи на Белгија и Франција во март, 2022 дава прилично позитивен фидбек, каде што учесниците во програмата го опишуваат учењето преку VR како доста реално и интерактивно. Целта на Светската царинска организација е да го инсталира овој VR систем за обука во сите 28 регионални тренинг центри во светот, а проектот ќе го помогне и финансиски иноваторот на системот – Царинската управа на Јужна кореја.

Во Јужна кореја искористувањето на VR за обуки е во полн ек, каде што со помош на програми базирани на виртуелна реалност се обучуваат и полицијата и другите инспекциски тела во земјата – особено корисни за чувствителни теми како случаи на сексуална злоупотреба, педофилија и злоупотреба на деца и сл.

Тимот кој работи зад проектот исто така ја разгледува и можноста за развој на друга содржина со помош на проширена реалност (AR – augmented reality).

Извор: Customs.gov.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk