Facebook ќе плаќа на 140 медиуми и јавни личности за Facebook Live видеа

Facebook ќе ја промовира својата видео платформа и стримовите во живо со помош на светски познати медиуми и јавни личности. Компанијата вложи 50 милиони долари во договор со над 140 медиуми и личности да објавуваат Facebook Live видеа, велат документи кои стигнаа до Wall Street Journal.

Најголемите медиуми кои се потписници на договорите се Vox Media, CNN, Tastemade, Mashable, New York Times, Huffington Post, aктерот Кевин Харт, готвачот Гордон Ремзи, aвторот Дипак Чопра и други. Facebook ќe им исплаќа надоместок за користење на видео платформата на партнерите, што можеби е показател дека Facebook баш и нема јасна стратегија како да ја доближи платформата до 1,5 милијардите корисници. До сега иновативната друштвена мрежа користи традиционален маркетинг со спонзорства да ги придобие корисниците. Иако Facebook го тврди спротивното. „Сакаме да повикаме повеќе партнери за да добиеме податоци од различни организации, да добиеме податоци што функционира, а што не“, вели Џастин Ософски претседател за глобални операции и партнерства со медиумите на Facebook.

Сумите кои ќе ги добиваат компаниите варираат од 3 милиони за BuzzFeed и New York Times, до 700.000 долари за Mashable. Актерот Кевин Харт заработува најмногу од јавните личносту 600.000 долари.

lots-of-money

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk