Контроверзниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, повторно ќе го цензурира Интернетот. Овој пат блокирана е WikiLeaks, откако страницата објави над 300.000 мејлови и 500.000 документи украдени од серверот на Партија на правдата и развојот. Целата пошта и документи доаѓаат од „akparti.org.tr“ доменот, јави RT.
Документите и електронската пошта не се поврзани со групите кои го организираа пучот, а содржината е од 2010 година до 6 јули, или една недела пред воениот удар. „Може да ја потврдиме веродостојноста на материјалите и на изворот, кој не е поврзан со организаторите на пучот, со соперничка политичка партија или друга држава… Електронската пошта од овој домен најмногу се користи за комуникација со светот, а не за чувствителните внатрешни работи“, велат од WikiLeaks.
Со оглед на тоа дека документите кои се објавени се поддредени од А до И, се чини дека станува збор за дека станува збор за дел од поголема архива, а издавањето е забрзано со апсењата и отпуштањата на илјадници луѓе од образовните институции, полицијата и администрацијата во Турција, како и најавата за повторно воведување на смртна казна.
Поради забраната на WikiLeaks и до оваа база, WikiLeaks побара од корисниците да ги споделуваат податоците. Граѓаните на Турција можат да пристапат до овие податоци преку TorBrowser или преку торент. Речиси истовремено со блокадата на WikiLeaks, започна и DDoS напад, а малку подоцна се јави и Anonymous, кој ја најави OpTurkey и обид за превод на сите 300.000 пораки и 500.000 документи, за запознавање на странците со содржината на овие податоци.
#Wikileaks‘in yayınladığı maillerde AKP Milletvekillerinin cep telefonu numaraları var. h/t @necmialaca pic.twitter.com/VCrYrqIRg8
— WikiLeaks (@wikileaks) July 20, 2016







