0 коментари 2 мин. читање 19 јули, 2016

Само шест месеци му беа потребни на Uber да превезе милијарда патници

Uber објави дека стасале до бројката од две милијарди превезени патници. Подвигот е уште поголем, бидејќи компанијата која е основана во 2009-та година и требаше седум години да стигне до првата милијарда. Датата на која Uber возачот го префрли две милијардитиот патник е 18 јуни, јави Reuters.

За првата милијарда патници, на компанијата и беа потребни шест години. Благодарение на регрутирањето на многу поголем број на возачи и влезот во 66 држави компанијата успеа да го скрати времето до 2 милијарди на само шест месеци. Интересен податок е дека на 18-ти јуни дури 147 патници од 16 држави патувале истовремено и сите тие се всушност две милијардитиот патник.

Uber е проценет на 62,5 милијарди долари, иако компанијата има проблем со законот во повеќе држави. Најверојатно случајот со Франција е најзабележителен, каде такси возачите палат автомобили и го спречуваат превозот на патници со Uber. Ова не го забави Uber кој сега е активен во 455 градови, а пред една година беа 311.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top