На Facebook постојат два стрима на вести – најпопуларни (top news) за накликаните и најlike постови и најнови (most recent) вести каде се појавуваат кој сменил профил слика, кој со кого е пријател итн итн и други постови.
Новата опција за „повеќе приказни“ се тестира меѓу мала група луѓе и се уште не се знае дали ќе биде објавена.








кога си експериментален глушец на платформа на која не и го знаеш крајот секогаш е така..треба да се реадаптираш. мислам дека сакаат да посветат повеќе внимание = простор на рекламите затоа ќе шитнат уште една very персонална опција.
Па јас секгоаш бев на ова. Ако го тргнат ова како ќе гледаме кој што направил најново?
Во претходниот голем редизјан ја уништија употребната вредност на групирањето на пријателите и страниците. За џабе се мачев да си искреирам неколку групи преку кои поефективно ќе можам да го следам мојот стрим.
Сега ако го тргнат и recent…… се ризикува да им се скрати контролата на корисниците врз својот стрим уште повеќе….. не е на арно ова… можеби ова значи дека FB се подготвува за реклами од типот на оние кои почна да ги користи Twiter. Во секој случај не сакам тој да ми одбира релевантни стории, без разлика колку тоа алгоритамот да го учи моето однесување…
Сакам јас да имам конторлааааааа :D