Грешка во алатките за рекламирање на Facebook

Грешка во алатката за предвидување на резултатите од рекламите на Facebook е причина што друштвената мрежа ќе врати милиони долари на своите клиенти. Компанијата полека ги известува своите клиенти за оваа грешки и им нуди кредити за отштета.

Каде е проблемот

Алатката „Conversion Lift“ Facebook им ја нуди на огласувачите да направат некоја проценка од резултатите од кампањата презентира превисоки резултати. Резултатите кои ги покажува алатката на годишно ниво помагаат за одредување на буџет за рекламирање. Поради грешката рекламите на Facebook изгледа дека носат поголемо зголемување на продажбата од вистинските бројки.

Превисоките резултати влијаат на одлуката за поголеми суми за реклами на Facebook. Поради погрешната проценка огласувачите решиле поголем дел од средствата на префрлат на Facebook, но иако го направиле ова не добиваат назад посакуван резултат.

Грешката е активна и недетектирана од август 2019 до август 2020, вели MarketWatch. Овде е опфатен и периодот од пандемијата, тогаш за да покријат дел од загубите предизвикани од физичкото дистанцирање дел од продавниците значително го зголемија својот буџет за рекламирање. За жал наместо навистина да знаат колку ќе ја зголемат продажбата, добија погрешни предимензионирани проценки.

Жртви се и конкурентите на Facebook

Жртви на грешката овој пат се повеќе. Покрај компаниите кои креираат кампањи, жртви се и конкурентите на Facebook. Благодарение на нерелевантни податоци кои го предимензионираат влијанието на кампањите на Facebook, огласувачите ја преферирале друштвената мрежа. Точните резултати секако немаше да го исклучат рекламирањето на Facebook, но можеби овие реклами ќе беа помалку застапени.

Иако друштвената мрежа ќе продолжи да биде вреден канал за зголемување на продажбата, компаниите ја губат довербата во метриката на Facebook.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk