Apple, Facebook, Google и Amazon имаат монопол

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Apple, Facebook, Google и Amazon се монопол, а единствената причина поради која овие компании веројатно ќе избегнат казна е политичката расцепканост на комисијата. Членовите на Демократите во комисијата предложија разделување на делови од овие компании; Членовите од Републиканската партија не се подготвени да го поддржат ова барање.

Истрагата на комисијата во најголемите техничко-технолошки компании во САД трае 16 месеци. Во текот на истрагата разгледаа 1,3 милиони документи, направија стотици интервјуа и преслушувања. Конечниот резултат на комисијата е документ на 450 страници во кои се вели дека компаниите ја злоупотребуваат својата положба на пазарот.

Првите вести за истрагата во најголемите технички-технолошки компании во светот се појави летото минатата година. Тимови од различни агенции започнаа ја прегледуваат работата на компаниите. Одделот за правда го истражуваше Google, Федералната комисија за трговија Facebook и Amazon.

Во документот кој сега е објавен Facebook е обвинет дека ги „голта“ конкурентите; Google ги собира податоците од сите веб-страници и ја наметнува својата технологија на сите. Овие компании беа одбележани како јасен монопол во заклучокот на комисијата, вели Washington Post. Иако помалку остри, слични заклучоци има и за Apple и Amazon. Единствена разлика е што за овие компании е точно потенциран делот кои го злоупотребиле компаниите. За Apple тоа е App Store, а за Amazon секако тоа е најголемата продавница во светот.

Нашата истрага откри загрижувачки деловни практики кои ја влошуваат конкуренцијата и ја задушуваат иновативноста. Конкуренцијата мора да ја награди најдобрата идеја, а не најголемата корпоративна сметка. Ќе ги преземеме неопходните чекори за да ги казниме прекршителите на правилата, вели Вал Демингс, член на Комисијата.

Демократите предлагаат поделби на гигантите

Комисијата на американскиот сенат која истражуваше има идеја за како да се надминат проблемите кои ги предизвикува праксата на овие гиганти. Засега политичката разединетост придонесува претставниците да не можат да се договорат, па излегуваат решение кои веројатно нема да бидат потврдени. Иако не се договорија до крај претставниците на двете партии се согласни дека гигантите со својата работа го нарушуваат слободниот пазар. Претставниците на Републиканците велат дека се согласни за 330 страници од овој документ.

Демократите од комисијата излегоа со ригорозни предлози, кој одат до структурално разделување на компаниите на делови. Со ова Google на пример би можел да биде поделен на: пребарувач, Android, YouTube и слично. Facebook целосно би се одделил од Instagram и WhatsApp. Наместо ова барање на претставниците на Демократската партија, комисијата ќе побара од Конгресот обемна законска реформа. Фокус на ова реформа е законска за конкуренција кој треба да се модернизира. Веројатноста за ова да биде усвоено барем засега е неизвесна.

Барањето за поделба е само една од мерките кои треба да се преземат. Со предлозите во иднина секое купување на бизнис од страна на доминантните платформи ќе треба да биде разгледувано како монополски чекор со цел да се намали конкуренцијата. Доминантните платформи мора бидат спречени да ги нудат првенствено своите сервиси, и во иднина сите мора да имаат еднакви права за исти производи и сервиси; пример Apple ќе мора да му понуди исти услови на Spotify како за Apple Music. Компаниите ќе мора своите сервиси да ги направаат компатибилни со конкурентните и куп други одредби кои треба да го изедначат пазарот за конкуренцијата.

Одлуката за монопол на Apple, Facebook, Google и Amazon веќе ги доби првите реакции од медиумите и компаниите. Дел од првите одговори стигнаа од Apple, Google и Amazon. Компаниите веднаш ги отфрлија тврдењата за монопол и злоупотреба на доминантната положба која ја имаат на пазарот.

Amazon

Amazon веднаш одговори на својот блог:

Погрешните интервенции во слободниот пазар ќе ги уништат независните трговци и ќе ги казнат потрошувачите принудувајќи ги малите бизниси да излезат од популарните онлајн продавници, ќе се зголемат цените и ќе се намали изборот и практичноста за потрошувачите.

Oвие идеи се погрешни и овековечуваат лажна идеја дека онлајн и физичките малопродажни канали се натпреваруваат на различни пазари. Малопродажбата е еден пазар. Како што повеќето луѓе што го читаат извештајот знаат од сопственото искуство – од прва рака; потрошувачите пребаруваат и купуваат во физички и онлајн продавници за најдобри цени, најдобар избор, и комотен начин да ги добијат посакуваните производи.

Всушност, потрошувачите редовно користат онлајн и физички канали дури и во текот на едно единствено купување – на пример, со пребарување на производ во продавница, плаќање на производот преку Интернет, и потоа подигнување на производот својот праг. Купувањето преку интернет сега е најголемата област за раст на трговците на мало со голем физички отпечаток и на продавниците. Од почетокот на пандемијата КОВИД-19, ваквите трговци известуваат за зголемена дигитална продажба: Best Buy бележи пораст на онлајн продажбата за 250%; Target бележи пораст од 195%; Lowe’s 135%; Kroger 127% и Walmart 97% – купувачите често ги подигаат своите онлајн порачки во овие физички продавници. И покрај овој раст, дури и на врвот на пандемијата, продажбата преку онлајн канали претставува само 20% од вкупната продажба на мало. Најголем дел од трошењето сè уште е во физичките продавници. Индустријата за малопродажба напредува; конкуренцијата е жива и здрава, а потрошувачите имаат повеќе избор од кога било.

Apple

Apple својот став го искажа во одговор за MacRumors:

Отсекогаш сме велеле дека критичкото размислување е разумно и потребно, но строго се спротивставуваме на заклучоците донесени во овој извештај во однос на Apple.

Apple нема доминантен удел на пазарот во која било категорија во која работиме. Од нејзините почетоци пред само 12 години, со само 500 апликации, ја изградивме App Store за да биде безбедно и доверливо место за корисниците, за откривање и преземање апликации и ги поддржуваме развивачите да создаваат и продаваат апликации на глобално ниво. Хостирајќи речиси два милиони апликации, ‌App Store‌ го исполни тоа ветување и ги исполни највисоките стандарди за приватност, безбедност и квалитет. ‌

App Store‌ креира нови пазари, нови услуги и нови производи, кои беа незамисливи пред десетина години, а развивачите беа примарни корисници на овој екосистем.

Минатата година само во САД, „‌App Store“ посредуваше во трансакции од 138 милијарди американски долари; над 85% од таа сума отпаѓа на трети развивачи. Провизијата на Apple e блиска со онаа која ја наплатуваат други продавници за апликации и пазари за видеоигри

Конкуренцијата ја поттикнува иновацијата, а иновациите секогаш нè дефинирале во Apple. Неуморно работиме да им ги доставиме најдобрите производи на нашите клиенти, со безбедноста и приватноста во темелиte. Ќе продолжиме да го правиме ова.

Google

Google својот став го соопшти на својот блог.

Бесплатните производи на Google, како „Google Search“, „Google Maps“ и „Gmail“, им помагаат на милиони Американци. Инвестиравме милијарди долари во истражување и развој за да ги изградиме и подобриме. Се натпреваруваме фер во брзо растечко и брзо развивачки пазар во супер-конкурентна индустрија. Не се согласуваме со денешниот извештај кој содржат застарени и неточни обвинувања од комерцијални ривали за пребарувачот и други сервиси.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Amazon е дел од најголемите компании кои неодамна беа обвинети за иста, или слична пракса и во Соединетите Американски Држави. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk