Друштвената мрежа конечно дозволи да се едитираат постари коментари, наместо како до сега да го избришете целиот коментар и да го напишете повторнo. Ниту едитирањето во 60-те секунди по објавувањето не беше доволно бидејќи луѓето подоцна забележуваа дека направиле грешка.
Почнувајќи од денес копчето за едитирање се појавува покрај секој ваш коментар. Кликнете на X и ќе добиете опција да го едитирате или да го избришете коментарот. Но, со едитирање на коментарот нема да може да ја скриете првичната мисла. Facebook најави и дека ќе прикажува и историја на едитирањата за да може другите корисниците да го разберат контекстот на дискусијата. Во моментов Facebook не праќа нотификација кога некој ќе едитира коментар на ваш пост, но тоа најверојатно ќе се смени.








