Flipboard сега официјално е достапен за Android телефоните, но не и за таблет компјутерите

Популарниот и прекрано дизајнираниот мобилен агрегатор на вести Flipboard, кој беше прогласен за најдобра iPad апликација за 2011, сега официјално е достапен за Android.

Flipboard за Android доаѓа со додаден Google+ и YouTube, нешто што не беше достапно во iOS верзијата. YouTube фидот ги прикажува вашите претплати на канали заедно со коментарите, копче за лајкнување, споделување, додека со Google+ фидот ќе може да коментирате и споделува, да пребарувате кругови и страни.

За жал Flipboard сè уште нема планови да креираат верзија за Android таблет компјутерите. Со ова повторно iPad корисниците ќе ја задржат ексклузивноста.

Апликацијата беше достапна од пред некое време, но не официјално, требаше да се симнува фајл извлечен од Samsung Galaxy S3 телефонот на кој е претходно инсталирана. Наместо таквите малтретирања, сега можете да ја симнете директно од Google Play.

[youtube]v2vpvEDS00o[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments