9 коментари 2 мин. читање

Пребарувајте ИТ производи со Teh.mk

Teh.mk е нов агрегатор, или подобро кажано водич низ македонските продавници. Како и секој агрегатор, Teh.mk ги собира сите свои 26.000 производи од 15 различни продавници, што овозможува полесно да пребарувате низ производите наместо да посетувате еден по еден сајтови на разни компании. Teh.mk му конкурира на najevtino.mk, но разликата меѓу двата е што првиот е сконцентриран само на ИТ производи како PC-ја, конзоли, скенери, принтери, мрежна опрема итн.

Оливер Данилов, кој заедно со Кире Ѓоргиев и Филип Пералов го стартуваат сајтот, вели за Enter дека идејата за Teh.mk дошла од потребата да се откријат нови производи. Идејата доаѓа по StartUp Weekend 2011 каде се сретнале со разни луѓе кои со своето искуство ги потикнале да ја реализирааат.

„За да ги собереме производите на едно место, истражувавме многу за агрегатори и категоризатори од типот на time.mk, daily.mk, google news итн… Се сретнавме и со т.н. динамични екстрактори на содржини кои се направени како докторски трудови и истите логично можат да разберат (95% точност) која е содржината на веб страната и да ја соберат соодветно, веб спајдери, crawler…“, вели Оливер.

Tech.mk користи два алгоритми, еден кој ги собира производите од веб страните, и друг кој ги организира според предефинирани категории. Но, може да се случат пропусти бидејќи компаниите не обезбедуваат доволно информации за продуктот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top