Facebook ја објаснува приватноста после големите промени

Но… за многу корисници ова појавување на различни веб страни е нарушување на приватноста. Најголемиот проблем е што покрај големите промени Facebook заборави да им објасни на корисниците како функционираат плагините, односно дека „присуството“ во плагините е изборно. Истотака вината кај Facebook е што од старт информациите на корисниците се јавни.

За да ги смири корисниците Остин Хуген од Facebook воблог пост објасни дека „плагините се дизајнирани така што сајтовите кои ги имаат друштвените плагини не ги добиваат тие информации.“

Тој објаснува дека постојат три друштвени алатки: „Like“ копче кое го кликате ако нешто ви се допаѓа кое се прикажува како линк на вашиот Facebook профил, постои „Activity Feed” или плагин каде се покажуваат кои линкови им се допаднале на вашите пријатели, и „Rеcommendations” плагин кој сугерира содржина од сајтот.

Доколку не сакате ниту еден од овие плагини да ви користи информации, односно не се чувствувате сигурно некој сајт да прикажува информации од пријатели тогаш можете да ги контролирате информациите преку „Likes and Interest“, „Posts by me” и „Instant Personalization Pilot Program“ опциите за приватност на Privacy Settings на вашиот Facebook профил.

Исто така отидете на „Аpplication settings“, горе десно одберете „Authorized” и прегледајте ги сите апликации на кои сте им дозволиле пристап до вашите информации. Користејќи „Еdit Settings” и „Block” можете да ги ограничите апликациите.

Тука ќе го најдете блог објаснувањето на Facebook на македонски преведен со Google Траnslate.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Igor Commie Ristovski
16 years ago

Работата е што поголемиот број на луѓе во потрага по пријатели или од самата причина што сакаат да се "чуе" нивниот глас оставаат се отворено и нормално луѓето имаат пристап до се. Дефинитивно треба да се чукнат луѓето малце у глава пред да стават нешто на лицекнигата.

Ванчо Орданоски

Facebook е сериозна закана за приватноста на сите, а особено на малолетниците.
Тоа е „ловиште“ на најгнасните педофили, сексуални искористувачи и изживувачи, особено на децата на помала возраст (нпр. основно училиште, но и постари).
Во својата безобѕирност и трка по профит, Фејсбук не почитува никого и ништо, тоа е компанија без етика, одговорност и мерка.

Да сум јас нешто власт, веднаш би го блокирал и би забранил употреба за лица помлади од 18 години.

@darko156
16 years ago

Ништо не е случајно… Opt out не наивно ставено :)