Facebook плати уште 725 милиони долари за скандалот Cambridge Analytica

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Meta, компанијата во чија сопственост е Facebook се согласи да плати 725 милиони долари за да го затвори спорот кој беше отворен по скандалот со Cambridge Analytica. Спорот е отворен во 2018 по откривањето дека друштвената мрежа им овозможувала на трети страни пристап до личните податоци на корисниците.

Ова е најголема сума која е исплатена за заедничка тужба (class action) поврзана со заштита на податоци. Тужбата беше покрената во име на сите американски корисници на Facebook. Според процената во пресудата, станува збор за помеѓу 250 и 280 милиони корисници.

Сумата можеби делува висока, но сепак кога ќе се пресмета по корисник, на крајот станува збор за 2 до 3 долари за секој. (Секако ако сите побараат исплата.)

Facebook иако се спогоди, сепак не презема вина за пропустот. Наместо ова компанијата кажа „спогодбата е во најдобар интерес на нашата заедница и акционерите“.

За компанијата ова не е преголема сума. Казната е помалку од една десетина од она што Facebook го инвестираше во метаверзумот. Сепак она што е поважно е дека ќе биде и своевидно предупредување за сите друштвени мрежи во иднина.

Во 2019, Facebook по истрагата на Федералната комисија за трговија се согласи да плати 5 милијарди долари за прекршување на правото на приватност. Истата година платија и 100 милиони долари казна во истрагата која ја отвори Комисијата за трговија со хартии од вредност бидејќи ги доведе во заблуда инвеститорите за злоупотреба на податоците на корисниците.

Facebook и Cambridge Analytica

Скандалот започна и заврши со британската консултантска компанија Cambridge Analytica. Во 2018 беше објавено дека во 2015 благодарение на апликација „This is Your Digital Life“ креирана од професорот Александар Крогн биле собирани податоци од околу 87 милиони корисници, потсети Reuters. Апликацијата никогаш не надмина 270 000 корисници.

До податоците дојдоа благодарение на пропуст во Facebook Login кој овозможуваше освен логирање со Facebook, креаторот на апликацијата да повлече куп лични податоци. Во овој период Facebook знаше за ова, и преземањето на податоци беше забрането. Сепак придржувањето до забраната беше оставено на доверба на креаторот на апликацијата. Алексадар Крогн не се придржуваше до правилата за користење, и ги собра податоците од сите кои се логирале и од нивните пријатели.

Кога дозна за ова Facebook побара податоците да бидат избришани. За жал компанијата ниту имаше начин, ниту провери дали овие податоци се избришани. Да не беше свиркачот Кристофер Вајли кој објави дека Cambridge Analytica сѐ уште ги поседува податоците на корисниците, можеби немаше нити да дознаеме за скандалот, a Cambridge Analytica и натаму ќе постоеше.

Благодарение на овие детални податоци Cambridge Analytica успеа да креира систем за таргетирано рекламирање. Во 2016 беа дел од претседателската кампањата на Доналд Трамп. Компанијата беше обвинета за психолошко профилирање за таргетирано политичко рекламирање.

Како последица од скандалот Cambridge Analytica прогласи банкрот и компанијата престана да постои.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments