Facebook претстави нов News Feed кој што изгледа прекрасно и подобро организирано за да се чуствуваат корисниците „како да има помалку Facebook“. Oвој нов дизајн е инспириран од мобилниот интерфејс, т.е. направен е да биде ист на сите различни уреди – од десктоп до паметните телефони и таблет компјутерите.
Настанот на Facebook го отвори Марк кој за News Feed-от вели дека е една од најважните работи што ја изработиле, и секој заслужува да добие повеќе информации, отколку обичен текст. Отсега па натаму, фотографиите кои ќе се појавуваат на почетната страна ќе бидат поголеми. Исто така, и фотографиите на линковите што ќе ги споделуваат ќе бидат поголеми, а со самото тоа ќе може да се понуди и поголем опис за тоа што се работи. Истото е најавено и за објавите од трети апликации, како на пример Pinterest.
Што се однесува до споделувањето на линкови, доколку повеќе ваши пријатели споделат еден ист линк, на левата страна од линкот или видеото, ќе бидат прикажани нивните профилни слики како „табови“ и со кликање ќе можете да се префрлате од една на друга објава.
Покрај новиот дизајн, Facebook воведува и музички фид преку кој ќе можете да ги следите сите новости од музичарите и бендовите што ги следите на оваа друштвена мрежа. Уште една новост, исто така, е и можноста за пребарување на статии за одредена личност што ја „лајкате“. Пример, доколку се интересирате за Тејлор Свифт, ќе можете да ги видите сите најнови информации за неа.
И за крај, беше претставено дека дел од искуството на Facebook на мобилните уреди ќе стане дел и од веб верзијата на овој сервис. Бидејќи се работи за голема промена, промените постепено ќе им бидат овозможувани на корисниците. Tука ќе може да се пријавите за да го добиете порано.
[youtube]YaQQHYQHnMk[/youtube]












Нешто гледам се "инспирирале" од Google+, a…
Ми се свиѓа насловот на првата фотка: dsadasdsadsa :D :D Хахахаха
Во брзање додека следев стримот ги зачувував со рандом букви, да не испуштам нешто :)
…и уште да дозволат анимирани gif-ови и ќе добиеме идентична копија на Google+ feed-от :)