Зошто сите го исмејуваат Facebook и нивниот Mетаверзум

Avatar img-thumbnail img-circle

во Општо

На крајот на минатиот месец најголемата друштвена мрежа се ребрендираше во Meta. Ова ќе биде името на целата компанија од која ќе произлезат повеќе делови кои во иднина ќе работат независно.

Од Meta се надеваат дека ова ќе помогне да се раздели, и да биде појасно што работи компанијата во различни сектори. Во текот на различни преслушување во конгресот претставниците на компанијата имаа проблем да објаснат дека не се монопол, и дека во различни сектори имаат конкуренција. Веројатно со новата поделба на сегменти ова ќе биде полесно.

Што е Meta и Mетаверзум

Промената на името на компанијата во Meta дојде со најавата за следниот голем чекор на Facebook – Креирање на виртуелен/алтернативен свет Mетаверзум.

Во „Mетаверзум“ ќе може да се играат видеоигри, но ова е само дел од можностите. Самата платформа е вистински виртуелен свет во кој посетителите ќе можат да прават сè. Корисниците можат да организираат средби со пријателите; да одат да гледаат филм; да работат онлајн; да одат на виртуелен концерт на својата омилена група. Дополнително во некоја подалечна иднина дел од овие настани ќе може да се следат во проширената реалност, па на концерт ќе може да се оди како комбинација на физичка и виртуелна присутност.

Посетителите во „Mетаверзумот“ за интеракција со околината и пријателите ќе го користат својот онлајн аватар, кој ги претставува во виртуелниот свет.

За најголем дел на поддржувачите на „Mетаверзум“ платформата ќе биде следната еволуција на Интернет и виртуелната реалност. За разлика од виртуелната реалност на која во моментов речиси ексклузивна намена и се видеоигрите, на новата платформа фокусот ќе биде на социјалните активности.

Mетаверзум е виртуелен свет во кој луѓето може да имаат интеракции речиси како и во вистинскиот свет. Ова „речиси“ секако е најважниот збор во моментов. На презентациите може да видиме навистина одлични анимации за тоа како ќе изгледа во иднина.

Сегашната технологија и Mетаверзумот

Сепак презентациите се една работа, а вистинскиот изглед на виртуелниот свет сосема друга. Во иднина можеби ќе постојат очила за проширена реалност кои ќе го овозможуваат она што ни го презентираат компаниите денес и ќе изгледаат како обични очила. Ова секако не е случај денес, и за реализација на технологија како на презентацијата се потребни многу повеќе сензори и многу погломазни очила за виртуелна реалност.

Hackernoon има одлична анализа на недостатоците на анимациите со кои Facebook ја презентира својата идеја за иднината работното место.

Интересниот момент во видеото започнува откако корисникот кој го следиме ќе „влезе“ во проширената реалност. Започнува да работи, а неговите колеги вртат околу канцеларијата. Она што е нелогично е што сите би требало да се логираат директно во своите работни места, но ова очигледно не е случај, аватари на другите играчи поминуваат и си мавтаат. Како ова може да се објасни ќе биде интересно да видиме во иднина, можеби е понуда за разговор која доаѓа преку чет апликација или нешто слично, но засега нема никакво објаснување.

Дополнително тука се и гестикулациите кои се присутни насекаде. Иако најавата на Facebook е дека работи на уреди кои треба да ги следат гримасите на лицето, нема најава за како ќе се следат останатите делови на телото, на пример рацете.

Засега тоа што Meta го најави е далеку од реалноста. Дури и кога би била технологијата достапна останува прашање дали воопшто и каде се предностите на виртуелниот свет.

Најсмешните реакции на Мета

Одговорот на ова прашање дојде во реклама на министерството за туризам на Исланд. Рекламата е пародија на најавата за Mетаверзумот, и иако има неколку одлични поенти, истовремено ја доловува и убавината на Исланд.

Во реклама која наликува на презентацијата на Meta водичот вели:

„Здраво, и добредојдовте во ова многу природно опкружување.

Денес сакам да зборувам за револуционерен начин со кој може да се поврзете со светот, без да бидете супер чудни.

Некои велат дека ова не е можно, дека е надвор од дофат. Ние им велиме дека е веќе тука. Сериозно, погледнете, веќе е тука. (гестикулира кон отворениот прозорец)“

Без сомневање Исландверс е најсмешната реакција на промената името, но секако не е и единствена. Повеќето од реакциите дојдоа веднаш по најавата за ребрендирањето…

Првата реакција дојде од луѓе кои говорат еврејски јазик. На еврејски Мета значи „Мртов“. Па најавата е дека еврејската заедница ќе има забава во годините кои следат…

Тревор Ноа од The Daily Show во своето видео потсети дека проблемите на Facebook нема да се надминат со промена на името. Во оваа категорија секако имаше повеќе исмевања.

Конечно имаше и повеќе мемиња кои само беа интересна комбинација и сличности на мета со повеќе други зборови.

И

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk