Samsung Galaxy Note 3 ќе има огромен 5,9-инчен екран?

во Хардвер

Samsung е подготвен да оди чекор понатаму од огромниот 5,5-инчен Galaxy Note 2, и да претстави нов „фаблет“ од 5,9-инчи, кој ќе го брендира како Note 3, вели Korea Times.

Но, иако најавата звучи возбудливо за сите ентузијасти на големи Android телефонит, можеби првин треба да се запрашаме која е граничната големина која одредува дали еден уред е паметен телефон или таблет компјутер? Ваквите големите „фаблети“ се проблематични за корисниците бидејќи се едноставно преголеми за да се носат и користат со една рака како што се користи телефон. Но, од друга страна токму големите уреди ја демонстрираат моќта на хардверот кој се наоѓа во нив. Фаблетите се доказ дека може да се биде брз и функционален, и масивен во исто време. Конкретно за Samsung, фаблетите се само дел од понудата на мобилни уреди со кои полека го освојува пазарот.

Според изворите, Galaxy Note 3 ќе има AMOLED екран кој најверојатно ќе поддржува висока резолуција и ќе работи на Exynos процесор со осум јадра(!). Спецификациите не се баш официјални и се оскудни, што може да значи дека Samsung може да ги промени во било кое време пред официјалната објава.

Toa што знаеме со сигурност е дека на 14-ти март Samsung ќе го претстави Galaxy S4, а и дека не би требало да помине многу време пред да го видиме и Note 3. Пред само неколку недели Samsung го претстави и својот најмал таблет Galaxy 8.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk