Facebook го отвори Internet.org за сите девелопери

Internet.org, односно планот на Facebook да обезбеди бесплатен интернет за oстанатите милијарда луѓе кои не можат да си дозволат пристап до Интернет, преку соработки со оператори; сега е навистина отворен за сите. Сите девелопери ќе можат да креираат едноставни и ефикасни сервиси и апликации до кои корисниците ќе можат да пристапат бесплатно, и околу кои ќе може да се креираат нови бизнис модели што ќе надоместат за бесплатниот пристап. Пример е мобилна апликација достапна во Замбија, Танзанија и Кенија преку која корисниците имаат бесплатен пристап до некои основани сервиси. Или нешто налик на 0.facebook.com за кој не се наплатува мобилниот сообраќај, и кој е достапен и во Македонија преку одредени оператори.

Но, имаше критики дека Internet.org се чува зад „заѕидана градина“, односно се пребираат партнерите и се фаворизираат сервиси на Facebook на штета на други, што е проблем за интернет неутралноста, и што не помага воопшто за развој на технологијата. Затоа сега Facebook го отвори Internet.org за сите девелопери, односно како што вели Марк Закерберг, „од проект го направивме платформа“.

„Нашата цел е Internet.org е да се има соработка со што е можно повеќе девелопери и претриемачи за да овозможиме нивно поврзување во разноврсна комуникација во локални заедници. За ова ќе понудиме сервиси преку Internet.org на начин кој ќе мора да биде транспарентен и инклузивен“, велат од Facebook.

Платформата е отворена за сите девелопери, но има неколку принципи кои партнерите мора да ги исполнат. Од партнерите се бара да овозможат истражување на повеќе сервиси на Интернет, а не само на една апликација, пример сервиси за кој е неопходен пристап до широкопојасен интернет VoIP, трансфер на фајлови, видео содржини и слично. Конечно сервисите треба да бидат достапни и оптимизирани за паметни телефони и слободни од JavaScript или SSL. „Градиме отворена платформа и сите кои ги исполнуваат насоките ќе можат да учествуваат“, вели Facebook.

Announcing the Internet.org Platform from Facebook on Vimeo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments