Погрешна промена на конфигурацијата на рутерите е причина за шестчасовниот прекин и недостапност на Facebook, WhatsApp, Facebook Messenger, Oculs и Instagram. Проблемите и прекинот беа глобални. Според должината, ова е втор најдолг прекин на работата на друштвената мрежа, по проблемите во 2019 кои предизвикаа 24 часовен прекин.
„Нашиот тим на инженери откри дека промени во конфигурацијата на бекбоун рутерите кој го координираат мрежниот сообраќај помеѓу податочните центри предизвика проблеми кои ја нарушија оваа комуникација. Ова нарушување има каскаден ефект во начинот на кој комуницираат нашите податочни центри, што ги запре нашите сервиси.
Сега сите сервиси се повторно активни и работиме да ги вратиме во регуларна работа. Сакаме да бидеме потполно јасни, во моментов веруваме дека причина за прекинот е погрешна промена на конфигурацијата. Нема доказ дека податоците на корисниците се компромитирани како резултат на овој прекин.“, вели Сантош Јанардхан, заменик директор во Facebook одделот за инфраструктура.
Нешто повеќе податоци за прекинот и попрецизно лоцирање на проблемот има Cloudflare. Точниот извор на проблемот кој е причина за прекинот Cloudflare го лоцираше во Border Gateway Protocol (BGP). Рутерите имаат листи со сите можни патеки кои може да се користат за еден пакет да дојде до конечната дестинација. Овие листи постојано се апдејтираат. Без нив рутерите нема да „знаат“ што да прават и Интернет нема да работи.
„BGP овозможува една мрежа (на пример Facebook) да го најави своето присуство на другите мрежи. Во моментов кога го пишуваме ова Facebook не го најавува своето присуство“, објаснуваат од Cloudflare.
Како последица на погрешниот BGR, и DNS серверите престанаа на Facebook престанаа да функционираат. Ова се случи затоа што DNS како и многу останати системи на Интернет има механизам за рутирање. Кога некој ќе напише адреса во прелистувачот, DNS resolver, кој треба да го преведе името во IP-адреса најпрво проверува дали има нешто искеширано и го користи ова. Ако нема се обидува да добие договор од домејн нејмсерверот (nameserver).
„Будејќи Facebook престана да ги најавува своите DNS префикс рути преку BGR, нашите и сите други DNS резолвери немаа како да се поврзат на нејмсерверите. Како последица 1.1.1.1 , 8.8.8.8 и сите големи DNS резолвери започнаа да јавуваат и да кешираат SERVFAIL одговори“
Во моментов Facebook, Instagram, WhatsApp и сите останати платформи функционираат нормално.
[…] во кој Facebook беше неколку часа недостапен на Telegram му донесе 70 милиони корисници. Mилиони нови […]