Оваа недела Meta дозна дека ќе треба да плати казна од 797,72 милиони евра. Компанијата е виновна за злоупотреба на доминантната положба на пазарот и врзување на бесплатната платформа Marketplace со својата друштвена мрежа, пишува Financial Times. Покрај високата казна, компанијата мора да престане со оваа пракса.
Одлуката на Европската комисија ја објави Маргрете Вестагер, комесарка за конкуренција, која посочи дека оваа пракса ѝ овозможува на Meta неправедно да се наметне на пазарот на огласи. Ова му носи предност на Facebook Marketplace што другите платформи не можат да ја постигнат. Доминирањето не е легално и е спротивно со принципите на здрава пазарна конкуренција, додаде Вестегер.
Meta во своето соопштение веднаш објави дека планира да поднесе жалба. Компанијата додаде дека Marketplace е развиен како одговор на побарувачката на корисниците за место каде што можат бесплатно да купуваат и продаваат предмети. Според Meta, одлуката на Европската комисија игнорира дека на пазарот има разновидни и добро етаблирани конкуренти, како што се платформите eBay, Leboncoin во Франција, и Marktplaats во Холандија. Овие продавници и натаму продолжуваат успешно да работат. Marketplace нуди дополнителен избор за корисниците и не е наметнат на корисниците на Facebook, кои самостојно одлучуваат дали ќе ја користат услугата или не, велат од Facebook.
Истрага против Meta отворена во 2019 година
Европската комисија отвори истрага против Meta во 2019 година. Комисијата тогаш се сомневаше дека ги користат податоците на корисниците собрани на Facebook за да им нуди огласи и на тој начин им штети на конкурентите. Во декември 2022 година, комисијата го обвини Facebook дека го користи бесплатниот пристап до податоци на компании што се рекламираат на платформата за сопствени потреби. За ова комисијата не покажала јасни докази дека e направена штета на потрошувачите, тврди Meta. Сепак, комисијата смета дека постои „потенцијал за нарушување на конкуренцијата“.
Одлуката на Европската комисија тврди дека Мета го наметнува Facebook Marketplace на луѓето кои го користат Facebook со нелегални „врзувања“. Овој аргумент го игнорира фактот дека корисниците на Facebook можат да изберат дали да го користат Marketplace, а многумина не го прават тоа. Реалноста е дека луѓето користат Facebook Marketplace затоа што сакаат, а не затоа што мораат.
Одлуката тврди и дека Мета може да користи рекламни податоци од конкурентските пазари кои се рекламираат на Facebook за да се натпреварува против нив со Facebook Marketplace. Ние не ги користиме податоците на огласувачите за оваа намена и веќе имаме изградено системи и контроли за да го обезбедиме тоа.
Meta во своето објаснување за жалбата нагласува дека пазарот за онлајн огласи во Европа е динамичен и конкурентен и дека други големи платформи имаат силно присуство и успех, како што се Subito во Италија, Blocket во Шведска и Finn.no во Норвешка. Овие продавници се водечки во своите земји. Покрај присуството на Marketplace играчи како Vinted успеале да се етаблираат на пазарот и да постигнат значителен раст, додава Meta.
Еден од последните случаи на Вестагер
Европската комисија со оваа одлука става крај на еден од нејзините последни случаи под водство на Вестагер. Taa во изминатите десет години предводеше многу антимонополски случаи против најголемите технолошки компании во светот. Помеѓу нив беа и Apple, Google и Microsoft. Вестагер ја предводеше оваа кампања со цел отворање на пазарите и создавање можности за локалните стартапи. Ваквата агресивна политика резултираше со законот за дигитални пазари (Digital Markets Act). Со актот ЕУ се стреми да го ограничи доминирањето на големите технолошки играчи и да ја заштити локалната технолошка индустрија.
Meta сега е соочена со политичка транзиција и во ЕУ и во САД. Ова може да доведе до нов пристап во регулирањето на технолошките гиганти. Дел од аналитичари очекуваат новата комисија во Брисел да има помек став поради потенцијалните реперкусии од новата американска администрација. Трамп најпрво најави дополнителна царина од 10 отсто, за потоа да зголеми на 20 отсто. Од Meta најавија дека ќе работат на конструктивни решенија за да ја задржат Marketplace како достапна опција за европските корисници. Најавија дека наскоро ќе објават новини кои ќе ја потврдат оваа платформа како присутна и достапна на европскиот пазар.