Threads, новиот конкурент на Twitter нема да биде достапен во Европа

Новата платформа на Meta – Threads нема да биде достапна во Европа. Платформата оваа недела ќе биде достапна во остатокот на светот, но во државите членки на Европската Унија нема да биде достапна подолго време.

Threads ќе излезе на 6-ти јули; iOS верзијата веќе е достапна на App Store, но за Android барем во моментов треба да почекаме. За да бидете во тек со лансирањето може да ја следите официјалната страница на Threads, која барем засега има единствено тајмер и QR-код со линкови до продавниците.

Апликацијата за телефони секако ќе биде достапна од утре, она што е поинтересно е дека нема да биде достапна во Европа. Причината за ова е што Meta за новата апликација ќе ги користи податоците од Instagram. Ова се однесува на листата на пријатели и профили кои ги следи корисникот, но и на податоците кои сe однесуваат на однесувањето на корисникот и на рекламите.

Ова вчитување на сите податоци на корисниците во новата платформа не е дозволено во Европа. Дополнително според она што може да го видиме од правилата за користење во САД, платформата ќе собира куп податоци од корисниците. Тука ќе бидат вклучени здравствени и финансиски податоци, податоци за историјата на прелистување, локации, купувања, контакти, историја на пребарување и други чувствителни податоци. Дополнително Meta во Европа не смее да ги користи податоците од другите платформи како Instagram и Facebook, пишува Independent.ie.

Што ќе нуди Threads

Платформата сѐ уште не е достапна, но благодарение на APK Insight тимот на 9to5Google имаме некакви детали за Threads. Она што беше познато од претходно е дека Threads ќе биде своевидна текст платформа за Instagram и има интеграција со оваа друштвена мрежа.

Следењето на профилите кои веќе ги следиме на Instagram нема да биде автоматско. Функционалноста за префрлање на профилите е достапна, но корисникот самиот треба да потврди дека сака да ја користи. Ова ќе важи исклучиво за корисниците со јавен профил. Корисниците кои имаат приватни профили ќе треба да прифатат да бидат следени, а кај корисникот до прифаќањето ќе стои ознака „pending“.

Истото важи и во обратен правец. Корисникот кој има приватен профил може да очекува барања за потврда од сите профили кои сакаат да го следат. Ако не сaка да го прави ова, Threads има функционалност која ќе овозможи автоматски да дозволи да го следат сите профили кои веќе ги прифатил на Instagram. Интересно блокирањето на некој профил ќе го направи ова автоматски за двете платформи.

Новата платформа е поврзана со Instagram. Името и корисничкото име мора да се променат на Instagram, и ќе бидат синхронизирани за двете платформи.

Корисниците кои го очекуваат поврзувањето со „федеративни“ (federated) друштвени платформи како Mastodon, ќе мора да почекаат подолго. Во прво време по лансирањето на платформата оваа функционалност нема да биде достапна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk