Facebook фан страните добија опција за нивно преведување

Facebook, без официјално најавуање, стартуваше нова алатка за преведување која ќе им овозможи на корисниците да преведуваат содржини директно од Facebook страници. Оваа алатка функционира благодарение на Bing Translatоr. Според Facebook, овој потег ќе им овозможи на корисниците да уживаат во содржините Facebook страниците без разлика на кој јазик се.

Со оваа нова опција, под секој јавен пост се наоѓа копче Translate кое кога ќе се кликне се отвара попап со автоматски превод на тој пост. Администраторите на страниците можат да одберат дали да се покажуваат само преводи на содржини автоматски генерирани од Bing Translate, или пак да им овозможат на корисниците самите да даваат преводи. Доколку овие понудени преводи од страна на корисниците се прифатени од останатите корисници, тогаш дадените преводи ќе ги заменат  автоматски генерираните од Bing Translation. Моментално и двете опции се автоматски наместени на страниците.

Копчето Translate може да се види само доколку јазикот на страницата е различен од јазикот кој го користите на Facebook, и моментално е достапно за корисниците од Русија, Кореја, Хонг Конг, Тајван и Јапонија. Наскоро оваа опција би требало да биде достапна и за останати светски јазици.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk