Kickstarter поддржувачите на Oculus беа во право, Facebook сепак ќе им покажува реклами

На виртуелната реалност и недостасува содржина и поголема прифатеност, но Facebook веќе започна да им покажува реклами на првите корисници. Рекламите за Oculuс засега се во тест фаза, а може да ги забележат играчите на играта Blaston. Ова е почеток, но веќе има најави за додавање на виртуелни реклами и во видеоигрите на други развивачи.

„Ова е нова иновација во рекламната индустрија и сè уште сме на почеток. Во моментов инвестираме во ненаметливи реклами како нов начин за заработка за  развивачите – иако сè уште не сме подготвени да ги тестираме, работиме и на нови формати на реклами што се карактеристични само за виртуелната реалност.“ вели Facebook на блогот на Oculus.

Креаторот на видеоиграта Blaston веќе ги повлече рекламите. Главна причина за ова е што проценија дека рекламирање во видеоигра која се плаќа сепак не е соодветно. Компанијата сепак размислува да ја додаде функционалноста во бесплатна игра за риболов „Bait“.

Во 2014 кога Facebook објави дека постигнале договор за купување на креаторот на Oculus Rift дел поддржувачите на сетот за виртуелна реалност огорчени од потегот побараа враќање на парите. Тогаш Палмер Лаки ги уверуваше купувачите дека нема да има реклами на платформата, но од денешна перспектива се чини дека беа во право.

Рекламите навистина не делуваат премногу лошо во примерот кој ни го покажа Facebook. На едно од локалните виртуелни паноа, е прикажан постер/плакат за „Jasper’s Market“. Корисникот може да го селектира и да одбере да го зачува линкот во својата листа. Како и на друштвената мрежа и во виртуелната реалност корисникот ќе може  да одбере да скрие некоја реклама ако не му се допаѓа.

Колкава е потребата за реклами засега е тешко да се констатира. Пред виртуелната реалност да одговори на прашањето од каде ќе доаѓа заработката најпрво треба да има корисници. За ова има два специфични проблеми. Првиот е ограничениот број на содржини кои им се достапни на корисниците. Вториот е високата цена која потенцијалните корисници треба да ја платат за да се приклучат на забавата. Од друга страна дополнителните можности за заработка може да влијаат и да привлечат нови развивачи кои ќе креираат интересна содржина. Па бројот на корисници да се зголеми благодарение на ова.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk