Европската комисија ги обвинува Google и Apple за непочитување на DMA

во ИТ.ЕУ

Европската Унија (ЕУ) продолжува со регулаторни акции во обидите да се справат со доминацијата на американските технолошки гиганти. Оваа недела фокусот повторно е на Apple и Google. Унијата смета дека има доволно докази дека компаниите го прекршуваат Актот за дигитални пазари (DMA), кој има за цел да воведе поголема конкуренција.

Европската Комисија, извршното тело на ЕУ, официјално го обвини Alphabet, матичната компанија на Google, за кршење на DMA. Комисијата изрази загриженост дека пребарувачот на Google и натаму ги фаворизира сопствените услуги на сметка на конкурентите. Со ова компанијата ја задушува конкуренцијата, и им отежнува на развивачите на апликации да им понудат на своите корисници понуди надвор од нивната продавница за апликации. Дополнително, Комисијата му нареди на Apple да го отвори својот оперативен системи за уреди од други брендови. Тука станува збор за различни додатоци, како паметни часовници и слушалки.

Доколку компаниите не ги исполнат барањата на Актот за дигитални пазари, казните се ригорозни. Потенцијалните казни се од 10 отсто од глобалната заработка до 20 отсто за повторен прекршок, пишува Financial Times.

Со DMA ,ЕУ се обидува да создаде пофер дигитален пазар. Целта е големите технолошки компании да не можат да ја злоупотребуваат својата доминантна позиција за да ги потиснат помалите конкуренти. Актот за дигитални пазари има за цел да обезбеди еднакви услови за сите компании, без оглед на нивната големина. Со ова ќе ги заштити потрошувачите од антиконкурентски практики. ЕУ исто така сака да ја поттикне иновацијата и да обезбеди поголем избор за потрошувачите. Со оглед на тоа дека најголем дел од технолошките гиганти доаѓаат од САД, ова може да наликува како напад врз американските компании.

Photo by Lukas S on Unsplash

Реакцијата на Apple и Google

Google и Apple остро реагираа на одлуките на ЕУ. Google предупреди дека овие одлуки ќе им наштетат на европските бизниси и потрошувачи. Тие ќе ја попречат иновацијата и ќе го намалат квалитетот на производите. Apple изрази загриженост дека новите барања ќе ја забават иновацијата, ќе ја загрозат приватноста на корисниците и ќе ги принудат да ги споделуваат своите иновации со конкурентите бесплатно.

„Одлуката на комисијата ќе им наштети на европските бизниси и потрошувачи, ќе ги спречи иновациите, ќе ја ослаби безбедноста и ќе го ослаби квалитетот на производот. Потребните промени за пребарување на Google ќе им отежнат на луѓето да го најдат она што го бараат и ќе го намали бројот на посетители на веб-страниците на европските бизниси.“, вели претставник на компанијата.

Apple ќе го почитува законот и ќе продолжи да соработува со Унијата на овие прашања. Сепак, компанијата предупреди дека бирократијата ќе ја намали нивната способност за иновации и ќе ги принуди бесплатно да ги споделуваат новите функционалности со компании за кои овие правила не важат.

„Ова е лошо и за нашиот производ и за корисниците. Ќе ја продолжиме соработката со Европската комисија за да им помогнеме да ја разберат нашата загриженост во име на нашите корисници“.

Трамп и потенцијалните тензии

Одлуките на ЕУ се донесени и покрај потенцијалните тензии со администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој ги критикува ЕУ казните за американските технолошки компании. Трамп ги нарече овие казни „форма на оданочување“ и размислува за воведување дополнителни царини за земјите кои воведуваат даноци за дигитални услуги за американските компании.

И покрај потенцијалните закани од одмазда од страна на САД, ЕУ е решена да ги спроведе своите дигитални правила. Комисијата е под притисок од други компании, граѓанското општество и Европскиот парламент да остане цврста во своите напори. Ризикот од ескалација на трансатлантските тензии секако постои, но ЕУ верува дека е неопходно да се воспостави фер и конкурентен дигитален пазар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments