Целта на апликација не е само да биде потсетник за обврските, туку и мотивација за вршење на истите. И тоа не само што ќе ве мотивира со подароци т.е loot за карактерот, туку ќе можете и да се пофалите на Facebook и Twitter пријателите дека, на пример, сте ја измиле колата, сте го завршиле проектот, сте биле на состанок или сте го положиле испитот.
„Сите ние имаме добри намери, но тоа што ни треба е малку охрабрување. Прањето алишта е епска задача за издржливоста, па зошто да не добиете кондициони поени за тоа?“ вели Рекс Кровли кретор на Little Big Planet за Guardian.
Подолу е трејлерот на EpicWin која чини 2.99 долари, а под тоа видео е одлична видео рецензија на ReloadReplay.com во кое можете да видите како функционира апликацијата.







