0 коментари 1 мин. читање

Решение за сите ваши математички проблеми со Cymath

Во случај да навистина ја сакате математиката, она што имаме да го кажеме тука најверојатно не е за вас. Но, доколку отсекогаш сте се мачеле со овој предмет и постојано сте имале и имате потешкотии при најразлични пресметки, тогаш Cymath е веб сајт и апликација само за вас.

Доколку ја имате инсталирано Android, односно iOS апликацијата, лесно можете да фотографирате одреден математички проблем и инстантно да го добиете решението. Нормално, за да дојдете до пресметката, можете и директно да го впишете проблемот преку сајтот или апликацијата.

Користејќи напредна вештачка интелигенција, Cymath поддржува решавање најразлични математички проблеми, а покрај финалниот резултат, можете да добивате и чекор-по-чекор детални објаснувања, но деталните објаснувања се нудат само доколку се претплатите за 300 денари месечно. Прeтплатата ви отклучува и многу други дополнителни работи како немање реклами, користење пропратни материјали, и слично.

Освен како веб сајт, Cymath е тука за вас и во форма на апликација за Android, односно iOS.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top