2 коментари 1 мин. читање

Новиот iPad пристигна во Дуна Компјутери

Новиот iPad сега е достапен во Дуна Компјутери, кои се официјалниот партнер на Apple продукти во Македонија. Таблетот беше достапен на македонскиот пазар уште од мај, но oд неофицијални претпродавачи.

Најголемата новина во новиот iPаd, кој е трета верзија на популарниот компјутер, е Retina дисплејот со висока резолуција од 2048 x 1536 пиксели. Работи на A5X процесор и графичка картичка за која Apple вели дека е четири пати побрза од конкурентните таблет компјутери.

Цените на новиот iPad се движат од 30.300 денари за 16 GB Wi-Fi верзија до 50.500 денари за 64 GB верзија со поддршка за Wi-Fi и 4G.

Поради новиот iPad, цените за iPad 2 паднаа за 15 отсто за сите модели, 16 GB верзија со 3G е околу 28.000 денари, 32 GB без 3G e околу 26.000 денари.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top