Што е „инспекциски онлајн надзор“ кој го најави Дирекцијата за заштита на личните податоци?

во ИТ.МК

Дирекцијата за заштита на лични податци во соработка со странски експерти работи на нова законска регулатива со која ќе се овозможи инспекциски онлајн надзор. Ова го објави директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Ѓеорѓиевски, заедно со неговиот гостин, финскиот омбдусман за заштита на лични податоци, Арно Реијо. Според ДЗЛП, воведувањето на онлајн заштита се очекува да ja зголеми ефикасноста, а дирекцијата ќе заштеди на пари, луѓе и време. Долгорочна мисија на овој проект е да ја зголеми довербата на граѓаните во е-трговијата, во домашните и европски продавници.

Според г. Реијо, „онлајн контролите подразбираат ефективна инспекција и контролори, како и супервизија врз инспекцијата од независни тела и невладини организации, што ќе биде и показател за сигурнос на парите на граѓаните при онлајн трансакциите“. Слични законски определби во Европа имаат единствено Франција и Финска, две држави кој веќе имаат извршено над 200 онлајн инспекции во 2014 година. Ако се воведува таков „инспекциски онлајн надзор“ ќе треба да се промени Законот за заштита на лични податоци или со во Правилникот за вршење на инспекциски надзор.

Директорот на ДЗЛП, Димитар Ѓеорѓиевски, вели дека инспекцијата ќе се врши преку интернет „со дозволен пристап“ да се влезе во системот на одреден контролор, со пристап до она што е објавено на неговиот сајт, вклучувајќи политика на приватност.

„Политиката на приватност е задолжителен документ што секој треба да го поседува и објави јавно штом работи со обработка на лични податоци, без разлика дали контролорот е постиран на интернет, како веб, како блог и како друга содржина, или е весник, медиум или е во друга област. Македонија е целосно услогласена со прописите за заштита на лични податоци, во делот на имплементација бројките ни покажуваат нагорна линија во поглед на добивање на преставки и барања за заштита на лични податоци и приватноста од граѓаните“.

Барање да се има политика на приватност како норма е за поздравување, но тоа барање ДЗЛП може да го постави само на македонските веб сервиси, и да се надева дека поголемите странски компании кои складираат кориснички податоци да имаат добра воља и да соработуваат. Повеќето сервиси соработуваат со властите за заштита на корисниците, но не се обврзани да го прават тоа.

Најавено е и дека идејата на таканаречениот „инспекциски онлајн надзор“ е да стави крај на пробиените профили на друштвените мрежи и крадењето на податоци. Минатата година се повредени лични податоци во 404 случаи за кои се поднесени барања до дирекцијата , а дури две третини се случаи во повреда преку друштвените мрежи, вели ДЗЛП, а пренесуваат македонските медиуми.

Но, како ДЗЛП ќе ги прави овие „инспекции“, посебно на друштвените мрежи кои се компании од други држави? Досега, ако имаше нарушување на приватност ДЗЛП мораше првин да го контактира Facebook и да се надева дека друштвената мрежа ќе направи нешто. Што се однесува до крадењето на информации, зарем не е тоа во дејноста на МВР? Како ДЗЛП сака да регулира „објавување недолични содржини на профилите“. Што е недолична содржина? Дали е во рамките на цензура ако се работи за лични профили? На секој сервис има алатки со кои корисниците можат да пријават недолична содржина, но тие алатки се користат од сервисите кои, повторно, се надвор од Македонија.

Се јавивме во ДЗЛП, ни кажаа да ги поставиме прашањата по имејл. Им пративме и имејл, се надеваме на одговори.

Проблемот кој го има ДЗЛП во Македонија, и Европската Унија во Европа е што популарните сервиси не се на нивно тло. Европа се обидува да воспостави норми популарните сервиси како Facebook, Twitter и други чии сервери со во САД, заедно со личните податоци на сите корисници, да обезбедат сервери во Европа кои ќе можат да се регулираат со европски закони. Како ДЗЛП ќе го натера Facebook и куп други популарни сервиси да ги чуваат личните податоци во Македонија, која не е членка на ЕУ и која не е под Европската директива за заштита на личните податоци?

Според Законот за лични податоци ДЗЛП нема влијание врз „трети земји“ или земји кои не се во ЕУ, и мора да бара помош од Европската комисија „Пренос на лични податоци во други држави може да се изврши само доколку другата држава обезбеди соодветен степен на заштита на лични податоци“… Понатаму „Ако Дирекцијата оцени дека определена трета земја не обезбедува соодветно ниво на заштита во однос на пренос на лични податоци, веднаш ја известува Европската комисија и му наложува на контролорот запирање на преносот на податоците“. Во тој контекст САД е трета земја, и земја каде се сите најголеми друштвени мрежи.

Во пракса, сите овие соработки помеѓу интернационалните компании, организации и земјите функционираат за заштита на личните податоци, но кгоа е во прашање инспекција „преку интернет со дозволен пристап да се влезе во системот на одреден контролор“, тогаш не гледаме како е тоа можно..

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk