0 коментари 1 мин. читање 26 септември, 2014

Со Steam Music Player може да слушате музика од омилените игри

Steam сега им нуди на своите корисници можност да ја слушаат музиката од своите омилени игри додека играат. Дополнително Steam Music Player има можност да ви ги пушта сите MP3-ки кои се на вашите компјутери.

Steam конечно пронајде начин за подобро да го презентира саундракот од видеоигрите кој веќе подолго го нуди како дополнителна содржина на дел од игрите, пред се, во луксузните изданија кои ги продава. За oдбележување на излегувањето на Steam Music Player, Valve бесплатно ќе им ја понуди музиката од Half Life, HalfLife 2, Episode One, Episode 2, Portal 2. Се разбира корисниците ќе треба да ја поседуваат играта, но до први октомври овие наслови се поевтини 75 отсто. Steam Music е достапен на корисниците на SteamOS од февруари, но сега за прв пат е достапен на сите платформи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top