Секој треба да има право и можност да користи компјутер и да се поврзе на Интернет. Затоа фондацијата Е-Македонија на Tелеком, во партнерство со граѓанската организација Отворете ги прозорците, стартуваа проект „Компјутер – прозорец кон светот“ со кој се донираше компјутерска опрема од околу 14.000 евра за лицата со попреченост. За овие корисници, стандардните тастатури и глувчиња се само уште една пречка за да можат слободно да ја користата технологијата која ги поврзува со сите други.
Опремата е наменета за Отворете ги прозорците, но и за уште две други организации – Ластовица од Скопје и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. По добиената обука, и овие организации ќе можат да им помогнат на лицата со попреченост да ги користат компјутерите за сопствениот личен развој.
„Современата технологија може секому да му го олесни и поедностави животот, да овозможи секој да го даде својот придонес во заедницата. Многу не радува дека ова убедување го споделуваме со Фондацијата е-Македонија. Поддршката ќе ја искористиме за да им помогнеме на лицата со попреченост да го развијат сиот свој потенцијал користејќи современа компјутерска опрема“, изјави Владимир Лазовски од Отворете ги прозорците.

Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.