0 коментари 2 мин. читање 8 април, 2014

Twitter сега изгледа како Facebook

По тестовите во февруари, Twitter сега ги стартува новите профил страни кои ја претворија уникатната платорма за микро-блогирање во нешто веќе видено и досадно. Идејата на Twitter е да им овозможи на корисниците да се претстават подобро, со поглеми лични слики, истакната биографија и истакнати броеви на слебеници и твитови и најдобрите твитови кои сега се со зголемен фонт. Но, и покрај добрата замисла, крајниот продукт наликува како на Timeline на Facebook, што искрено и не баш за пофалба.

За среќа, Twitter ќе остане уникатна мрежа каде содржината е поважна од големи лични фотографии, бидејќи профилите, достапни само на веб, не и на мобилните апликации, не се толку важни за платформата позната по брзи вести и информации во реално време, релевантни за тековните настани. Профилите на Twitter никогаш не биле нешто посебно користени, и тоа се должи не на едноставниот дизајн без cover фотографии, туку на природата на мрежата на која твитовите застаруваат за 15-тина минути.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top