Eвропскиот суд за правда пресуди против складирање на корисничките податоци

Европскиот суд за правда пресуди против правилото што ги обврзува телеком компаниите да складираат корисничи податоци до две години, велејќи дека со тоа се прекршува основното човечко право, пренесува Reuters. Директивата за складирање на податоците беше воведено во 2006-та година по бомбардирањата во Мадрид и Лондон со намера да се искористат за безбедност и спречување на идни напади.

Судот нареди дека обрвската „ги надминува границите на пропорционалност“, бидејќи им дозволува поголема контрола на властите врз граѓаните кои имаат основно право на приватен живот и заштита на личните податоци. Уште полошо, вели судот, е што податоците се користат без знаење на корисникот што може да „го зголеми чувството дека приватниот живот е под постојан надзор“.

„Судот забележа дека од податоците кои се соберени, може 1) да се открие идентитетот на личноста која комуницира и преку што, 2) да се идентификува времето на комуникацијата како и местотот од каде е направена, и 3) да се дознае фрекфентноста на комуникациите помеѓу претплатникот и другата личност. Овие податоци, земени како целина, можат да откријат точни информации за приватниот живот на личностите чии податоци се складираат, како и нивните навики во секојдневниот живот, местото на живеење, дневни движења, активноста и друштвени врски“, вели судот во соопштението.

„Судот процени дека со чувањето на овие податоци и со можноста националните власти да пристапат до тие податоци, директивата сериозно ги попречува основните правила да се почитува приватниот живот и да се заштитат личните податоци“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments