Користејќи ја формата на оваа страна може да пријавите багови, проблеми и ранливости поврзани со IT.mk и сите поврзани сервиси кои се директно хостирани, поставени и/или оддржувани од страна на IWM Network.
Багови
За да пријавите баг и да ни помогнете со негово побрзо решавање, при пополнување на формата ако можете:
- доставете го линкот каде што е багот
- посочете прецизно што се обидувате да направите
- ако е можно, направите принт скрин и споделете го
- споделете оперативен систем и прелистувач
Правила за тестирање на ранливости
Како сајт кој активно ја слуша заедницата, дозволуваме тестирање на ранливости на домени и сервиси менаџирани од страна на IWM Network, меѓутоа со цел заштита на податоците и функционалноста имаме неколку правила:
- Може да ги тестирате сите содржини на следниве домени: *.it.mk
- Може да тестирате со таргет на вашиот акаунт и ваши податоци
- Доколку пронајдете ранливост, пријавете ни ја веднаш
- Тестирањето мора да е ограничено и да не врши DoS/DDoS тип на напади
- Тестирањето не смее да прекршува локални и интернационални закони
- Тестирањето не смее да компромитира податоци кои не се ваши
- Тестирањето не смее да го наруши нормалното функционирање на сајтот и неговите сервиси
- При пријава на ранливоста би ценеле proof of concept или чекори за репликација
Останати проблеми и сугестии
Имате некој друг тип на проблем или сугестија за како да го подобриме IT.mk? Слободно споделете…


