Македонската компанија Embed Social претстави нова функционалност на својата платформа – модул за креирање на онлајн форми. Формите се проширување на функционалностите на модулот кој и досега ги нудеше платформата на Embed Social која специјализира како платформа која овозможува лесно и брзо организирање и претставување на значајни содржини (рецензии, слики, хаштагови, албуми…) генерирани од корисници.
Form Builder модулот е изработен на барање на бизнис клиентите кои имале потреба за содржина креирана од корисници, без разлика дали тоа е рецензија, споделување искуство или пак фотографии и текст. Можноста за користење на формите веќе е достапна и може да ја разгледате на страницата на Embed Social.
Креирањето на формите е едноставно. Корисникот најпрво одбира шаблон (template) кој сака да го искористи и потоа може да промени и да уреди дел од формата. Секако за крај оваа форма треба да се сподели на веб-страница.
„Со Embed Social Forms Builder, во едно решение комбинираме прекрасни шаблони со интерактивни графички контроли. Резултатите кон кои се стремиме се повеќе ангажмани и повеќе одговори на веб-страниците на нашите корисници“, вели Никола Бојков од Embed Social.
EmbedSocial Forms Builder моментов има промоција на Product Hunt. Ако ви се допаѓа идејата секако може да ја поддржите и да гласате за неа.







