1 коментар 2 мин. читање 30 јануари, 2013

Почуствувајте се хумани, донирајте преку мобилната апликација Humanko

Humanko e нова македонска апликација за Android која е агрегатор на апелите за помош и донации. Целта на апликацијата е да се поврзе со хуманите луѓе кои не само што ќе донираат преку својот мобилен телефон, независно на кој оператор се претплатени, туку и ќе помогнат да се расчуе за апелот.

„Хуманите луѓе ќе имаат можност на едно место со помош на истиот уред да се информираат и да донираат онаму каде што сметаат онолку пати колку што мислат.“, вели Јана Стојменска, која зедно со Максим Симоновски, ја направи апликацијата. „Би сакале да го предизвикаме вирален ефект по друштвените мрежи, каде што преку апликацијата корисниците ќе можат да помогнат и со споделување на апелите на своите профили на Facebook и Twitter, притоа информирајки голем број на луѓе.“

Донациите се преземаат од официјалните страни на трите мобилни оператори кои имаат опција да се плати преку претплата. За да нема измами како што има на Facebook, откако ќе се одлучите да донирате, операторите ќе ви пратат порака со благодарност за трансакцијата. Во моментов апликацијата е достапна само за Android, но Јана вели дека се планирани и Windows Phone и iOs верзии.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
светлана
светлана
8 years ago

Дали приодот кон една куќа со една фамилија се смета за пат од јавен интерес. Благодарам.

Мени
Заедница
Изглед
To top