Ајв е исто толку влијателен во Apple како легендарниот директор Стив Џобс, вели Чарли Роуз во најавата на интервјуто со главниот дизајнер на iOS и iPhone, Џони Ајв, и индустрискиот дизајнер Марк Њесон. Двајцата дизајнери во интервјуто зборуваа за дизајнирање на убави објекти и нивната соработка на 40 објекти што беа понудени на неодамнешна аукција за непрофитната организација RED која се бори против ХИВ/СИДА. Аукцијата собра 26,2 милиони долари, а едни од поатрактивните продукти беа Leica Digital Rangefinder фотоапарат што се продаде за 1,8 милиони долари, и црвен Mac Pro за кој беа донирани скоро еден милион долари.
Во интервјуто, г. Ајв, кој го имаше клучниот збор за дизајнот на iPhone и iPad, како и новиот iOS 7, зборува за „фанатизмот да се направи нешто како што треба“. Неговата решителност е иста како што се бара од сите во Apple да креираат перфектен продукт.







