Птиците конечно го однесоа култниот Fail Whale; Тwitter го замени со роботи

0 коментари 1 мин. читање

Fail Whale беше икона во раните денови на Twitter, кога сервисот се срушуваше често и беше преплавен со премногу корисници. Во тие моменти, птиците и тешкиот кит ги смируваа гневните корисници покажувајќи им дека прекинување на сервисот и не е толку лоша работа, дека треба да се здивне малку од Интернетот. Но, како што поминуваше времето, така Twitter стануваше се подобар и подобар, не се сеќавам кога последен пат не беше достапен, па така и китот стана непотребен. Потпретседателот за инженерство на TWitter, Кристофер Фрај, за Wired потврди дека конечно Fail Whale е пензиониран и заменет со роботи.

„Летово Fail Whale го тргнавме од продукција, иако како и со други сервиси, и Twitter не е перфектен и ќе има проблеми. Но, сега ќе гледате роботи наместо китот. Китот имаше долга историја и нашите корисници се чувствуваат поврзани со него, но на крај, тој претставуваше време кога не верувавме дека ќе ги исполниме очекувањата на светот за Twitter“.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top