На 4-ти декември 2011-та, македонската Foursquare заедница стана прва на Балканот која успеа да ја отклучи Super Swarm значката. Во периодот од 13 до 16 часот над 290 корисници се чекираа (споделија локација) од трговскиот центар Рамстор во Скопје.
Настанот беше навистина успешен, добро организиран, добро посетен и имаше добра реакција од Рамстор, и од други локални бизниси кои понудија попусти и поклони за сите Foursquare корисници кои ја отклучаат значката. Foursquare дели значки за достигнувања со цел да ги мотивира корисниците да го користат сервисот, а Super Swarm значката се отклучува така што над 250 корисници треба да се чекираат во краток временски период од едно конкретно место.
Сега е објавено и видео од Info Design за дел од атмосферата на Super Swarm настанот. Во видеото се открива и статистика, односно дека на настанот учествува над 290 корисници; имаше 16 понуди од бизнисите посветени за учесниците со кои се заштедија 55.000 денари; имаше повеќе од 700 твитови кои стигнаа до 30.000 различни Twitter корисници, половина од твитовите беа објавени за време на настанот; над 37 фотографии се споделени на Facebook страната на Рамстор кои имаат 3.000 прегледи и 567 лајкови и коментари, а за една недела веб сајтот swarm.mk го посетиja 10.000 различни корисници.
Foursquare Super Swarm Фестивал (Ramstore Mall) from Info Design on Vimeo.
700 твитови and nothing on:)
uste eden dokaz kolku badialdzii ima u drzavava :))))