0 коментари 2 мин. читање 28 декември, 2011

Google+ сега има над 62 милиони корисници, додава 625.000 нови корисници дневно

Аналитичарот Пол Ален во пост на Google+ тврди дека друштвената мрежа додава по 625.000 нови корисници дневно и дека сега има над 62 милиони. Скоро една четвртина од корисниците се вклучиле на мрежата во декември. Според неговите пресметки, Google+ ќе има 100 милиони корисници до февруари, 200 милиони корисници до август 2012-та, и 400 милиони до крајот на следната година.

Сепак овие податоци не се официјални, иако бројките на Г. Ален, кој е основач на Ancestry.com, во еден момент се поклопија со тие на Google. Тој во својот пост ја опиша методата со која дошол до оваа проценка, објаснувајќи дека тој и неговата екипа направиле стотици пребарувања на презимиња кои ги следеле уште од јули. Таа анализа ја усогласувале со официјалните соопштенија од Google, од кое последното беше во октомври кога Лери Пејџ потврди дека Google+ има 40 милиони корисници.

„Очекувам растот да продолжи да се забрзува. Google ќе продолжи да го интегрира Google+ во сите свои други продукти и според моќта на зборот ќе продолжи да расте. Уште поважно, 700.000 Android уреди се активираат секој ден и ова ќе стане многу важен извор за нови корисници на Google. Тој број исто така ќе продолжи да расте следната година.“, вели г. Ален.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top