Новата тест надградба на Windows 10 доаѓа со фокус на Cortana и имплементација на неколку интересни решенија за гласовниот асистент на Microsoft. Cortana во тест верзијата ќе може да пребарува по имејл пораките за да провери дали си ги одржувате ветувањата, велат извори на Verge.
Cortana ќе препознава клучни зборови и фрази па така ако речете: „ќе те побарам за една недела“ или „ќе завршам до среда“, асистентот ќе запомни и ќе креира потсетник. Понатаму со овој потсетник ќе се однесува исто како да е потсетник за авионски лет или слично. Доколку се грижите за приватноста, Cortana овие податоци нема да ги испрати на серверите на Microsoft, туку ги чува локално, се разбира доколку не одберете да ги споделите со останатите сервиси на компанијата.
Надграден е и алгоритмот за календарот па доколку корисникот има состанок во термин кој е надвор од работното време, Cortana ќе го извести и ќе понуди поместување на алармот. За почеток новитетите на Cortana доѓаат за Windows 10 тестерите, но овие новитети ќе им бидат достапни и на iOS и на Android корисниците.







