Kickstarter oбјави Android апликација за краудфандинг од било каде

0 коментари 1 мин. читање

Tри години откако ги објави iOS верзиите, Kickstarter сега jа претстави новата Аndroid апликација која им овозможува на корисниците да откриваат и инвестираат во проекти што им се допаѓаат.

Преку апликацијата корисниците можат да најдат краудфандинг проекти, и да добиваат известувања од проектите кои корисникот веќе ги поддржал. Ако судиме според навиките, иако најголем дел од корисниците откриваат дел од производите на преносните уреди, сепак кога плаќањето и купувањето е во прашање, тие ги користат своите компјутери. Иако поевтините производи се купуваат преку паметни телефони, за поскапите производи ништо не може да ги замени компјутерите.

Можеби Android верзијата е обид на Kickstarter да привлече повеќе корисници, откако лани имаше незгодни моменти со лоши и неуспешни проекти, меѓу кои секако е најголемиот европски проект за беспилотно летало, Zano, кој неодамна пропадна.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед