„Земајќи ја предвид минималната финансиска поддршка која ја добиваме од бизнис заедницата за организација на циклусот натпревари и подготовките за интернационалните натпревари, овој резултат претставува вистински подвиг.“ вели претседателот на Здружението на информатичари на Македонија, Миле Јованов.
„Македонскиот тим е формиран после целогодишен циклус на натпревари. Македонските натпревари се организирани од страна на Здружението на информатичари на Македонија, веќе 21 година по ред, а се финансирани преку донации и спонзорства. За жал, значителен дел од средствата за патувањето во Канада мораа да бидат покриени лично од учесниците.“
На IOI 2010 Македонија ја претставуваа средношколците Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Младен Димовски и Јован Крајевски, и нивните ментори Миле Јованов и Емил Станков.

Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.