ИТ.мк: Ќе се дигитализира образованието

5 коментари 3 мин. читање

„Дигиталните содржини треба да бидат мултимедијални, односно да содржат текст, анимација, звук и презентација. Дигиталната наставна содржина треба да биде достапна во училиштата за време на наставата и да биде присутна надвор од наставата во домовите на учениците.“ вели министерот.

Целта на стратегијата (предлог стратегијата во .pdf фајл 1.1 MB) е да се стимулира интересот на ученикот, мотивирајќи го со електронска содржина со што ученикот покрај знењето ќе добие и „ИТ писменост“.

Еве неколку интересни точки од стратегијата:

  • Предложената стратегија врз база на анализа на актуелната состојба нуди план за развој, користење и надградба на е-содржини во образованието во РМ за периодот 2010-2015;
  • Е-содржините ќе бидат: презентации, интерактивни презентации, анимации, симулации, видео записи, аудио записи, дијаграми, мапи и текстови;
  • Е-содржината треба да е со вграден функционален интерфејс кој одговара на возраста на корисниците, со едноставна навигација, индекс на поими, помош и насоки за користење, дополнителни информации, известување за точност на одговори…
  • Е-содржините треба да се јавно достапни на македонски јазик;
  • Во наставните програми се посветува на стекнување на знаења, вештини и способности за користење на информатичката технологија во наставата и учењето;
  • Секоја е-содржина треба да функционира на Mozilla Firefox 3+ и Internet Explorer 7+  (интересно изоставен е Google Chrome, третиот најкорисен прелистувач);
  • Планот ги дефинира методологиите за избор на предмети, предлагајќи развивање на е-содржини кои ќе
    ги задоволат до одреден степен наставните потреби за три до пет предмети годишно, со што во текот на следните пет години, ќе бидат развиени содржини за најмалку десет предмети. Предметите кои би требало да се опфатат со е-содржини се од природно математички области, општествено хуманистички области и изучување на јазици;
  • Стратегијата ги посочува обуката на инволвираните институции и корисници, функционалност на техничката околина, планско одржување и надополнување на е-содржините како и потребните финансиски средства;
  • Реализација на „Компјутер за секое дете“ проектот;
  • Изработка на Електронски учебници – проекти како http://e-ucebnici.mk ;
  • Обука на наставници;
  • Предуслов и клучен фактор за имплементација на е-содржините во процесот на учење и поучување е постоењето на компјутерски систем кој овозможува сместување и организирање на е-содржините, со цел да им се пристапи од страна на корисниците. Врз основа на поставеноста на системот, можни се три решенија: Централизирано решение, Дистрибуирано решение и Софтверска архитектура;
  • Формирање на работни групи со цели и надлежности;
  • Процесот на изработка на една е-содржина започнува откако ќе биде идентификувана и избрана наставната единица и образовните цели и задачи кои со содржината треба да се постигнат. Првиот чекор е изработка на сценарио, кој е клучен фактор на одредување на потребните ресурси, како технички така и човечки. Сценариото е документ кој треба јасно да даде приказ за дизајнот на целата е-содржина, сите елементи од кои таа ќе се состои и како тие ќе бидат поврзани, нивото на интерактивност, како сите придружни објекти и особено детали кои се неопходни на тимот кој ќе го врши техничкото развивање на содржината;
  • ISTE Стандардите за ученици се состојат од 6 дела: Креативност, комуникација, Истражување и информатичка флуентност, критичко размислување, дигитално граѓанство, технолошки операции и концепти;
  • Општо за стандарди за образовен софтвер (SCORM);
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top