1
Бронзeн медал за Предраг Груевски на IOI 2010
Предраг Груевски и целиот ИТ тим на Македонија кој учествуваше на IOI 2010 се ИТ професионалци на неделата! Средношколецот oд Битола кој учи во скопската гимназија „Јахја Кемал“ доби бронзена медала во конкуренција на 301 натпреварувач од 100 држави на овогодинешната Интернационална Олимпијада за млади информатичари. IOI 2010, која се одржа во Канада, е доста престижен настан со спонзори како RIM Blackberry, Google, Amazon.com, Lenovo, IBM...