Бројот на Facebook лајкови не значи ништо ако немате интеракција

во Друштвени мрежи

Еден од митовите на Facebook е дека можете лесно да купите или со рекламирање да дојдете до стотици илјади фанови на кои ќе им го промовирате својот продукт и ќе си ја зголемите продажбата. Реалноста е сосема спротивна, бидејќи бара залагање околу промоцијата и започнување директна комуникација со фановите. Дерек Мулер од Veritasium направи експеримент за колку корист има од лајковите, соберени преку легалното рекламирање или пак преку нелегалното купување на лајкови од клик-фармите во Индија и Филипините. Иако тој плати да добие многу, многу повеќе фанови, сепак тие фанови беа со лажни профили или од држави каде неговата страница е ирелевантна. Уште полошо, и покрај зголемениот број на фанови, интеракцијата со верната публика остна иста. Бројот на фановите е само смешно мерило за успешност, тоа што е важно е на колку од тие фанови им е гајле за вашиот бренд.

[youtube]oVfHeWTKjag[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Jas
Jas
12 years ago

Платената реклама на фејзбук со прецизно таргетирана група зголемува интеркација, зашто?
Затоа што страната ќе ти ја „лајкнат“ и ќе им се прикаже само на оние кои имаат некаква поврзаност со она што го рекламираш, што резултира со поголем трефик и зголемена продажба.
Барем во мојот случја овој метод на рекламирање се покажа ефикасен.

DieLmmr
DieLmmr
12 years ago
Reply to  Jas

Не баш… Тоа и сака да го покаже Дерек Мулер. За жал има многу кориснички профили со по илјадници лајкнати страни, кои што сигурно ќе се совпаднат во твојот прецизно избран критериум – имаат интерес или поврзаност со тоа што го рекламираш, поради тоа што веќе лајкнале нешто слично. Ова се најчесто профили на клик фармите кои што позираат како реални и баш со цел да не ги фатат, лајкаат и легитимно изрекламирани страни…

види ги сите огласи на kariera.it.mk