0 коментари 2 мин. читање 12 февруари, 2014

Twitter тестира редизајн за профилите кој наликува на Facebook и Google+

Twitter тестира нов дизајн за профилите со кој профил сликата и кратката биографија се во горниот лев агол за да остапат место за тајмлајнот со поистакнати фотографии и постови. Според тоа што може да се види, редизајнот наликува повеќе на нешто што би очекувале од Google+ и Facebook, а не од Twitter кој до сега се истакнуваше со својата едноставност.

Дури и како јавна компанија под притисок да генерира приходи за своите инвеститори, во време кога растот во бројот на корисници се успорува, вредноста на Twitter не е во дувањето на дигиталното его на корисниците, кои ќе се истакнат со своите приказни и фотографии, туку вредноста ја има во брзото информирање и споделување релевантни информации. Затоа се надеваме дка се работи за експеримент кој нема да биде пуштен јавно. Mashable, кој прв објави за редизајнот, пишува дека не е чудно друштвената мрежа да тестира редизајни за своите услуги со мал број на корисници, пред да ги промени, поправи или комплетно отфрли дизајните. Новиот дизајн се тестира и со некои македонски корисници.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top