Британците ќе добиваат известувања за инциденти преку Twitter

Корисниците на Twitter во Велика Британија и Ирска отсега ќе добиваат предупредување од полицијата, противпожарната служба и уште 58 други организации, преку сервисот за микро-блогирање. Новата услуга ќе им испраќа предупредувања на корисниците од центрите за криза или од владините агенции во овие држави јавува Guardian.

„Брзото и точно известување до јавноста во случај на голем инцидент или терористички напад може да биде разлика која ќе доведе до спасување на животи.
Користењето на социјалните мрежи заклучно со Twitter овозможува дополнителен начин за известување на јавноста. Twitter трeвогите ќе овозможат нашите пораки да бидат прочитани кога ќе биде најважно“, вели Дејвид Мартин од британската полиција.

Услугата доаѓа во Обединетото кралство по САД и Јапонија кои ваков сервис добија во септември. Организациите ќе можат да ги означат пораките како предупредување, а кај корисниците ќе доаѓаат со портокалово ѕвонче. Корисниците кои ќе ги следат профилите на агенциите пак ќе може да одберат да ја добијат пораката директно на својот паметен телефон како SMS порака. Покрај ова, Британците тестираат и систем кој ќе ги извести сите граѓани во зафатените области.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments