Во Велика Британија изгледа дека не заостануваат ни чекор кога се работи за нови технолошки трендови. Покрај ефикасноста кога се работи околу затворски казни за хакери на Facebook, сега врховниот суд на Велика Британија ќе може да повикува на суд. Преку Facebook.
Telegraph пишува дека британскиот суд одлучил дека отсега ќе можат да се дадат барања преку Facebook, откако ќе добијат дозвола од Врховниот суд.
На овој начин може ефективно да се избегнат проблемите што се јавуваат со праќање покани преку обична пошта. Поканетиот може да не ја види поштата, да дојде премногу доцна или да се загуби поштата по својот пат. Воедно вака ќе се избегне тврдењето на поканетиот дека не пристигнал дома за да ја отвори поштата затоа што најчесто проверуваме Facebook секој ден, и кога сме активни, тоа може да се верифицира од судот.
Но, овој пристап нема да служи како тотална замена за стариот добар начин, туку како алтернатива, во случај стариот добар начин да не работи. Лани беше виден прв ваков случај за користење на Facebook за судски покани, кога британската адвокатка Хилари Торп преку друштвената мрежа покани обвинет на судење. Според неа, таа не успеала да го достави судска покана по традиционалната комуникација.
Дали може наскоро да очекуваме судовите во Велика Британија да одобрат праќање покани преку чет во видео игри или Skype?







