Google развива гласовен асистент како Siri, но за Google TV

Google аплицира за патент на гласовен асистент што е поврзан со Google TV кој ќе може да се контролирате телевизорот преку специјално далечинско или преку апликација на Android мобилен уред. Апликацијата на патент во основа може ништо да не значи, има безбројни примери кога големи компании пријавувале различни патенти, многу од нив да останат заборавени и неискористени во новите производи. Овој патент на Google има поголеми шанси да се реализира поради целокупниот тренд на интеграција на моќни интерпретатори на глас, базирани на сервери, што веќе се овозможени на многу мобилни уреди, посебно после најавата за Siri, гласовниот асистент на Apple.

Можноста Siri да се користи за контрола на домашни уреди веќе е испробана, но сè уште се чека Apple да го интегрира Siri во Apple TV. Од другата страна, околу гласовниот асистент на Google TV веќе имаме информации преку оваа апликација за патент.

Замислете како го прашувате вашиот гласовен асистент за тоа кога ќе се емитува првата епизода на новата сезона Game of Thrones, и тој не само што ќе ви даде информации за тоа кога ќе се случи, туку и ќе му закаже преку интернет на Google TV да ја снима емисијата, или да ја прикаже штом се приближите доволно до дома.

Централна гласовна контрола на вашиот дом преку мобилни уреди веќе некое време е присутно во научната фантастика, веројатно време е да почнеме таква технологија да ја чувствуваме како нешто секојдневно, слично како и мобилниот интернет или аугментираната реалност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk