Мicrosoft се скара со Google за приватноста на Internet Explorer

Мicrosoft го обвини Googlе дека искористи ранливост во Internet Explorer за да ги прелаже опциите за приватност на прелистувачот за да следи корисничка активност. Интересно, Microsoft немал идеја дека Google го прави тоа се до пред некој ден, кога Washington Post објави статија дека Google го манипулира Safari на Apple.

Google одговори на тоа дека опциите за приватност на ИЕ не се функционални.

Microsoft вели, во блог пост, дека oткако слушнале за инцидентот за Safari, го провериле Internet Explorer и забележале дека Google користи код за да го прелаже P3P Privacy Protection заштитата на прелистувачот. Internet Explorer, по зададено (default), ги блокира веб колачињата од надворешни сајтови се додека сајтот не презентира специјален клуч за P3P Compact Policy кој прикажува дека сајтот ќе користи колачиња кои нема да го следат корисникот. Google-овиот код правел IE да прифати веб колачиња иако тие можат да го следат корисникот.

Според Google, Microsoft испуштил важни делови во својот блог пост. Според нив, заштитата на Internet Explorer е 10 години стара и е добро позната „вклучувајќи го и Microsoft – така да не е практично да се следат барањата од Microsoft и при тоа да се има модерна веб функционалност.“

Дополнително, вели Google, и Facebook и Amazon ја користат таа ранливост. Всушност, 11.000 веб сајтови не ја почитуваат полисата на Internet Explorer за специјалниот клуч.

Во овој дел од караницата се вклучи и Facebook кој потврди дека го избегнуваат P3P бидејќи не е доволно компатибилен со модерното друштвено поврзување. Друштвената мрежа вели дека тие тоа го правале за да понудат подобро искуство на корисниците преку друштвените плагини, но не користат дополнителни веб колачиња за следење.

Како и во случајот со Apple Safari, Google повторно се изјасни дека ги користел кодовите за манипулација на прелистувачите со цел да понуди подобри веб функционалност на корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk