3 коментари 2 мин. читање

BlackBerry 10 пристигна во Македонија

Z10, првиот BlackBerry 10 телефон, пристигна и во Македонија, поточно во Vip за цена од 36.000 денари за само телефон до 8.500 денари според соодветната тарифа. Oвој нов паметен телефон од некогашните RIM, сега BlackBerry, работи на комплетно редизајниран оперативен систем.

Конкретно моделот Z10 доаѓа со екран на допир за кој BlackBerry креираше нови поедноставни движења за полесна навигација низ апликациите наречени BlackBerry Flow. Со ова опција може да Центар на ОС-от е BlackBerry Hub преку кој се гледаат сите нотификации, мејлови и друштвени профили. Има и нов BlackBerry Messenger со можност за видео повици и можност за BlackBerry ScreenShare за гледање на заеднички екран.

Што се однесува до хардверот во Z10, телефонот има 4,2-инчен екран со LCD 1280×768 HD дисплеј со 365 пиксели по инч, има 1,5 GHz процесор со две јадра, 2 GM RAM, 16 GB простор и 8 мегапиксели камера која беше критикувана поради лошото снимање на видео во средини без светло.

На прв поглед Z10 е сосема солиден телефон со кој BlackBerry скоро и да почнува одново. Z10 е нивната шанса да се вратат на се поконкурентниот пазар на паметни уреди, и затоа може да верувате дека се потрудиле да го направат најдоброто. Сигурно ќе им се допадне на сите BlackBerry фанови, но и на другите корисниците кои сакаат нешто поразлично од Android и поинтересно од iPhone.

[youtube]vWwqlK7IES4[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top