Дали наскоро ќе видиме и Samsung Galaxy S4 Mini?

Samsung планира во наредниве недели да ја презентира и мини верзијата на Galaxy S4 – S4 mini, јавува Sam Mobile. Сликите на телефонот кои се појавија на крајот на март се легитимни, велат изворите од Samsung за порталот.

Како и S3 Мini, така и овој нов модел ќе биде намалена и послаба верзија на поголемиoт Galaxy S4. Galaxy S4 Мini ќе доаѓа со 4,3-инчен qHD дисплеј со резолуција 540х960. Телефонот ќе има и 8МP камера, Wi-Fi, AGPS и оперативен систем Android 4.2.2. Се очекуваат две верзии на телефонот со една SIM-картичка и со две SIM-картички. Првата ќе доаѓа со четири јадрен процесор, а втората со двојадрен процесор. Ќе доаѓа во две бои „Black Mist“ и „White Frost“.

Телефонот треба да се најде во продажба најрано од крајот на мај, а најдоцна до средината на јуни. Пред само две години Galaxy S2 доаѓаше со 4,3-инчен екран, а сега тоа е мини верзија, потсетува Sam Mobile.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments